Има ли „светло во тунелот“ за тимот на Кирил Изов!?

593

Женската фудбалска репрезентација на Македонија денеска го игра дуелот со Бугарија во рамките на последното коло од Лигата на нации.

Нашите фудбалерки гостуваат во Софија кај источниот сосед, а натпреварот почнува од 16 часот. Со Наташа Андонова во составот нашиот тим ќе се обиде да одигра за честа затоа што за нас овие квалификации се очајни со три порази на минатите две средби со Косово и дуелот со Бугарија во Скопје.

Македонија е најслаба во најслабата зона во ова натпреварување на УЕФА.

Дали има светло на крајот од тунелот!? Женската репрезентација е во очајна форма и на претходните 10 средби има само две нерешени и 8 порази.

По овој меч со Бугарија ФФМ треба добро да размисли како понатака. Со „вечни селектори“, кои не се ни најдобри во домашниот шампионат или со доверба за некој друг кој ќе ја размрда работата. Вака не оди… резултатите се доказ за тоа.

ПретходноПикси жестоко му одговори на Видиќ: Не може да ме повреди некој што не прави ништо!
СледноПоследен европски предизвик за Алкалоид оваа сезона