Интер вечерва потврди дека двајца одбранбени играчи се на листата на повредени.
Дензел Дамфрис и Стефан де Врај се повредија на последниот меч против Наполи и сигурно нема да играат на следниот дуел за „нероаѕурите“.
Според официјалното соопштение на „нероаѕурите“ и двајцата денеска имале специјалистички прегледи на кои е констатирано дека повредите не се наивни.
„Стефан Де Врај и Дензел Дамфрис беа подложени на медицински прегледи и тестови кои потврдија дека и двајцата Холанѓани имаат мускулни повреди“, соопштија од клубот, не потенцирајќи колку време ќе останат надвор од терените.