Реми за крај во групата во Лига Нации – Ц, реми на женската селекција на Македонија на гости кај Бугарија со 2:2 среде Софија на стадионот “Васил Левски“ попладнево. Водевме со 1:2 до 90+5.минута, но примивме гол за конечни 2:2.
Конечно барем бод е освоен, ако се знае дека во изминатите три меча ние во групата, со Бугарија и Косово, доживеавме три порази.
Андонова асистираше прво во 11.минута кога Рочи донесе водство од 0:1, за да потоа повторно нашата најдобра фудбалерка асистираше до Максути во 62.минута за удвојување на водството од 0:2. Бугарија намали на 1:2 во 85.минута преку Желева, а потоа Расина во петтата минута од судиското продолжение израмни на 2:2.
Сепак и покрај овие 2:2, генерално може да се каже дека селекторот Кирил Изов имаше катастрофален циклус. Да се биде последен во групата – 5, во Лига Нации во сегментот Ц, тоа секако дека е катастрофален биланс и тоа само еден освоен бод од можни 12.
Инаку на денешниот меч во Софија, нашата најдобра женска репрезентација настапи во следниот состав:
Лековска, Петкова, Петрова, Коларовска, Меијер, Марковска (90. Мојсоска), Шемсовиќ, Велкова (83. Дервиши), Андонова, Рочи, Максути (75.Милчевска).
Треба да се каже дека во 70.минута Македонија остана со една фудбалерка помалку откако втор жолт картон доби Коларовска.
ТАБЕЛА
1.КОСОВО 10
2.БУГАРИЈА 5
3.МАКЕДОНИЈА 1