Иако се очекуваше дека паузата, поради повредата на зглобот за најдобриот фудбалер на Тотенхем, Џејмс Медисон ќе биде само два месеци, сепак се чини дека таа ќе биде подолга. Имено се верува дека предводникот на „спарси“, кој до повредата го носеше тимот од победа во победа, ќе биде во “аут“ дури до крајот на февруари.
Да потсетиме дека поради таа повреда тој не беше во Скопје со репрезентацијата на Англија минатиот месец кога беше 1:1.
Оваа вест ја потврди и самиот Медисон кој истакна дека е разочаран и дека му е тешко.