Лео Меси е најдобар спортист за 2023 година, и тоа според американскиот магазин “Тајм“. Аргентинецот во оваа “трка“ бил подобар од Ерлинг Халанд и Новак Ѓоковиќ.
Навистина неверојатно. Да, Меси стана светски првак со Аргентина но во минатата година и “Златната Топка“ ја доби поради тоа, но зошто токму Меси за најдобар спортист за 2023 година?
Тоа го знаат само тие што го правеле овој избор.
Халанд беше шампион со Сити во ПЛ и ЛШ, за Новак не треба да се трошат зборови додека Меси во 2023 година ја освои титулата во Лига 1 и одигра неколку одлични меча во МЛС во дресот на Интер Мајами.
Објаснувањето е дека ова признание доаѓа и поради придонесот на Меси на теренот, но и неговото влијание надвор од него.