Марко Митев до десет гола го предводеше Алкалоид до првата историска победа. Во одлучувачките моменти постигна два гола, беше вистински лидер, ја имаше „дркоста“ која на македонскиот првак му беше потребна за да дојде до првата радост.
„Среќен сум за оваа победа, горд сум на мојот тим. Сега сме фокусирани на останатите натпревари од домашниот шампиона“, кратко рече Митев по мечот, кој продолжи. Ова е мотив за млади играчи како што имаме во нашиот тим да работиме повеќе. Сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи бев нив немаше ништо да направам“.
За Алкалоид ова беше последен меч во Европската лига, која во својата дебитанската сезона ја завршува на третото место.