Митев „решеташе“, Галевски ја „спушти ролетната“ за историја на Алкалоид во Европската Лига

771

Алкалоид со победа се одјави од дебитанската сезона во Европската лига која ја завршува на третото место на табелата со скор од победа, реми и четири порази. На последниот домашен меч од групната фаза, избраниците на Кирил Лазаров ја совладаа Ла Риоха со 28-27. На оваа средба, Лазаров не сметаше на услугите на Мартин Серафимов.

Митев и Галевски се хероите на Алкалоид, првиот постигна десет гола, два одлучувачки, додека Галевски запишаа 17 одбрани. Џонов беше втор стрелец со пет погодоци, додека Велковски имаше четири.

Дуелот во СЦ „Јане Сандански“ почна со минута молчење во чест на 14-годишната Вања, чиј живот прерано згасна.

Алкалоид отворијa со двата гола на Митев и Велковски, по што и застана. Митев стрелаше за 3-2, а на другата страна Ла Риоха со серија од 3-0 поведе со 3-5 во седмата минута. Македонскиот вицепрвак не успеа да ја стабилизира својата игра. Гостите со нова серија, овој пат од 1-5 дојдоа на плус пет на средината на првото полувреме.

Младиот тим сепак не се откажа. Одбрана на маестралниот Галевски, два гола на Џонов, со еден на Митев и Велковски, го вратија Алкалоид во игра, прво се доближи на 9-10 пред 20 минута. Галевски повторно имаше две клучни интервенции, едната донесе израмнување (12-12), додека втората беше причина за враќање на водството од два гола (15-13). Вака остана резултатот на одморот, а младиот голман на Алкалоид имаше десет одбрани.

Македонскиот вицепрвак со два гола го отвори второто полувреме за 17-13 во 33 минута, беше и 18-14. По оваа позитива, ракометарите на Алкалоид влегоа во серија на промашувања и ја разбудија Ла Риоха, која поведе со 18-19 во 40 минута. После шест минути пауза, Митев го прекина „молкот“, на него се надоврза Стојковиќ за 20-19.

Во 47. минута Стојковиќ заработи црвен картон при 22-21, додека Црвенкоска доби жолт поради приговори. И не беше само ова, претхотно Омерагиќ беше исклучен, а набрзо и Савревски. Ла Риоха го искористи ова, го врати водството (22-23) во 50. минута.

Сето ова не ги раздрма редовите на Алкалоид, успеа да биде на гол разлика. Велковски израмни на 25-25, а гостите останаа со играч помалку на нецели шест минути до крајот за целосна неизвесност. Џонов израмни на 26-26, а Митев го врати водството (27-26) на минута и пол до крајот. Ла Риоха не реализираше напад, повторно Митев погоди за 28-26 и речиси сигурна победа на својот тим. Но, гсотите прво постигнаа гол, а потоа по загубениот напад, имаа шанса да дојдат до израмнување, но на голема среќа тоа не се случи.

ПретходноШведска доби привремен селектор во предводникот на младата репрезентација
СледноНеверојатно: Судија во Холандија дури во 52. минута го употребил свирчето! (ВИДЕО)