Неверојатно: Судија во Холандија дури во 52. минута го употребил свирчето! (ВИДЕО)

323

Познато е дека некои судии сакаат да бидат во преден план со своите гестикулации, со постојаното сецкање на играта, но има и такви кои не сакаат воопшто да бидат приметени. Сакаат да пуштат да се игра малку и “поостро“ што се вели.

Па така во Холандија, на мечот од 14.коло во тамошната елитна лига меѓу Валвик и Ексцелзиор (2:2), судијата Бас Најхојс за првпат го употребил свирчето дури во 52.минута кога свирнал фаул. Претходно рекордот бил до 43.минута.

Најхојс е познат како судија кој оваа сезона досудил најмалку прекршоци, но и поделил најмалку картони во елитната лига во Холандија.

ПретходноМитев „решеташе“, Галевски ја „спушти ролетната“ за историја на Алкалоид во Европската Лига
СледноМитев: Горд сум на мојот тим!