Жељко Бувач (62) веројатно е новиот тренер на Ц. Звезда. Под водство на Барак Бахар во изминатоте 3-4 месеци српскиот шампион имаше катастрофални резултати, па така сега почести се коментарите дека Израелецот ќе добие отказ а Босанецот, кој сега е спортски директор на Динамо Москва, ќе биде негов наследник.
Инаку Бувач е најпознат по тоа што некогаше беше асистент на Јирген Клоп и тоа во Мајнц, Дортмунд и Ливерпул но во 2018 година реши да се раздели со својот долгогодишен шеф.