Манчестер Сити утре во меч од Премиерлигата му гостува на тимот на Астон Вила. Тешко гостување за четата на Пеп Гвардиола, но Сити е првак и на Европа, па затоа на секој меч оди на победа.
Во пресрет на утрешниот дуел во Бирмингем, Пеп Гвардиола истакна дека неговиот тим повторно ќе биде првак во ПЛ:
„Убеден сум дека повторно ќе бидеме шампиони во Премиерлигата. Се разбира само треба да бидеме на нивото како што бевме против Тотенхем и Ливерпул, само така можеме да ја одбраниме титулата. Знам дека нема да биде лесно, но реков, јас сум убеден дека повторно ќе ја освоиме ПЛ“ посочи менаџерот на Манчестер Сити.
Инаку европскиот и англиски првак во моментов се наоѓа на третата позиција на табелата со три бода помалку од лидерот Арсенал, додека Астон Вила е четврта само со бод помалку од Сити.