Пикси жестоко му одговори на Видиќ: Не може да ме повреди некој што не прави ништо!

641

Драган Стојковиќ Пикси испрати жесток одговор до Немања Видиќ на обвинувањата што легендарниот дефанзивец ги упати до него.

Видиќ го прозва селекторот на Србија и неговиот стручен штаб дека земале милиони евра за работа во репрезентацијата, а Пикси тврди дека тоа не го навредува, особено не зборови од човек кој не прави ништо.

“Не може да ме повреди некој како него кој не прави ништо. Тоа што го кажа беше грдо и покажа големо непочитување кон мене. Не можев да му помогнам да стане претседател на Федерацијата. Тие коментари не одговараат него, тој е големо фудбалско име, го почитував и зборував добро за него“, рече Пикси и продолжи:

„Изненаден сум од неговото незнаење. Спомнува 16 милиони, но прво треба да се информира. Треба некој да му објасни за што се вложени тие пари“.

Тој рече дека на Видиќ не треба да му е грижа дали заработил 16 или 116 милиони евра.

„Тој мора да застане зад неговите зборови бидејќи ова е класична измама и замајување на јавноста. Не смее да си дозволи такво нешто. Ако сум заработил туку 116 милиони евра, што е проблемот? Чии парите се тоа? Кој ги внесе парите во Федерацијата? Можам точно да кажам колку заработивме, но зошто? Не знам дали е изманипулиран и дали некој го тера да каже нешто такво“, изјави Драган Стојковиќ Пикси.

ПретходноПотврдени нашите најави: Брера и Валенти спогодбено го раскинаа договорот!
СледноИма ли „светло во тунелот“ за тимот на Кирил Изов!?