Потврдени нашите најави: Брера и Валенти спогодбено го раскинаа договорот!

798

Управата на „Брера Струмица“ спогодбено го раскина договорот со шефот на стручниот штаб Џовани Валенти кој од денес нема да го предводи првиот тим, нешто што „СпортСпорт“ го најави уште пред една недела.

Раководството на клубот на овој чекор се одлучи согласно постигнатите резултати на сениорскиот состав  во Првата фудбалска лига на Македонија од стартот на сезоната кои не се вклопија во амбициите и стратегијата на клубот. По извршените разговори и анализа на постигнатите резултати, со ваквата одлука се согласи и италијанското трио предводен од Џовани Валенти кои во Струмица пристигна со асистентот Микеле Кавали како и тренерот на голманите Алесандро Пегорари.

,,Сакам да му се заблагодарам на господинот Валенти и неговите соработници за посветената работа во изминатите месеци. Донесовме заедничка одлука се во интерес на клубот. Нам сега ни преостанува што подобро да се подготвиме за последниот натпревар со екипата на Шкупи но и со предизвиците за вториот дел од сезоната. Јавноста наскоро ќе биде информирана околу изборот на новиот тренер. Во последниот натпревар со Шкупи како вршител на должноста тренер екипата ке ја предводи некогашниот тренер на првиот тим Ѓорги Стојчев,, вели генералниот директор на клубот Јован Симиќ

Под палката на Џовани Валенти тимот забележа 5 победи исто толку нерешени исходи и 7 порази. Со вкупно 20 бода се наоѓа на 8 позиција на прволигашката табела.

„Клубот му се заблагодарува на Џовани Валенти на соработката но и му посакуваме  многу успеси во понатамошната кариера а благодарност упатуваме и до Кавали и Пегорари кои во клубот внесоа доста професионализам во изминатиот период“, се вели на официјалната страница. 

„СпортСпорт“ дознава дека Брера Холдингот подготвува нова бомба. Славниот Луиџи Ди Бјаџо е таргетот за наследник на Валенти на клупата во Брера Струмица. Поранешниот репрезентативец на Италија и член на Лацио, Рома, Интер, Бреша и Асколи би можел во зимската пауза да седне на клупата во Брера.

ПретходноШампионот се засилува со искусниот стопер Александар Игњатовиќ?!
СледноПикси жестоко му одговори на Видиќ: Не може да ме повреди некој што не прави ништо!