Судиската комисија на ФФМ информира дека на заостанатите натпревари во рамките на 15. коло од Прва МФЛ ќе има промена на судии. Мечевите Струга Трим Лум – Воска и Силекс – Вардар не беа одиграни изминатиот викенд поради лоши временски услови. Овие натпревари од 15. коло ќе се одиграат утре ( 6 декември ) со почеток во 13. часот.
На дуелот Струга Трим Љум – Воска, на местото на Стојан Трпчевски ќе биде Игор Стојчевски како главен судија. Во вториот дуел помеѓу Силекс и Вардар, на местото на асистент судија, Даниел Василевски ќе биде замена на Мартин Петковски