Тен Хаг излезе со демант за случувањата во соблекувалната, четворица новинари ставени на „црна листа“

374

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хег, ги негираше тврдењата за проблеми во соблекувалната, по големиот број написи во медиумите денеска. Неколку новинари добија и забрани да присуствуваат на прес-конференцијата во вторникот, токму поради овие пишувања.

Наводите се појавија по поразот од Њукасл во саботата вечерта. Според нив Тен Хег почнал да ја губи довербата во соблекувалната, а играчите се сомневаат во неговата тактика.

Тоа резултираше со тоа што на четворица новинари од Sky Sports , Manchester Evening News, Daily Mirror и ESPN добија забрани за пристапот до медиумската конференција на холандскит стратег пред пресудниот натпревар во Премиер лигата против Челзи во среда навечер.

„Се разбира, во секој тим секогаш има играчи кои не играат, или играат помалку, кои се помалку среќни. Во некои околности тоа ви треба, тие мора да ја чекаат својата шанса. Но, не, нема никакви проблеми“, рече Тен Хаг.

ПретходноБрајтон не го дава Де Зерби: Почнаа преговори за нов договор со Италијанецот
СледноПартизан по продолжение до шеста победа во Евролигата