УЕФА го продаде финалето на ЛШ за 2,2 милијарди евра!

5328

Шпански „ОК Диарио“ објави дека финалето на Лигата на шампионите во 2030 година ќе се игра во Абу Даби како дел од новиот шестгодишен договор на УЕФА со Обединетите Арапски Емирати.

Таа богата земја ќе плати 2,2 милијарди евра на УЕФА. Овој договор меѓу УЕФА и ОАЕ е одговор на судската одлука поврзана со проектот за Суперлигата, кој се очекува наскоро во Луксембург.

„УЕФА знае дека на 21 декември може да ја изгуби тужбата пред Судот на Европската унија поврзана со Суперлигата и се договори со Абу Даби да ја спонзорира Лигата на шампионите. Тие сакаат да ја направат поатрактивна за клубовите и да избегнат дезертирања во Суперлига“, се дел од тврдењата за ваквата одлука на УЕФА. 

Одлуката треба да биде официјализирана на 7 февруари, пред ждрепката на Лигата на нации.

УЕФА, пишуваат Шпанците, ќе ги продаде правата за сите свои натпреварувања, вклучително и женски фудбал и мал фудбал, за Блискиот Исток. Главен човек во преговорите од страната на УЕФА е Џорџо Маркети, кој се консултира со извршниот комитет за да се осигура дека сè ќе помине во најдобар ред.

ПретходноНе одете во Анталија на подготовки!
СледноБјелица го носи капитенот на македонската репрезентација во Бундес-лигата?