Иако до крајот на есенскиот дел на Струга ТЛ и остануваат уште два меча, сепак уште отсега се прават планови за зимскиот преоден рок. Па така вчера во посета на градот Струга но и во посета на клубот беше Александар Игњатовиќ, искусен стопер од Србија кој досега во својата кариера има играно за Раднички Ниш, Борац, бил и во Феенорд, Бундјокор, Нови Пазар…а има играно и во Лачи каде тренер му беше Шпетим Дуро, актуелниот стратег на Струга ТЛ.
Игњатовиќ дојде да го посети и својот некогашен тренер а на заедничкиот ручек вчера, како што се гледа од фотографијата, на кој присуствувале и директорот Бесарт Исаку и секретарот Мифтар Шаќири, станало збор и за евентуален ангажман на Игњатовиќ оваа зима во редовите на нашиот шампиион.
Инаку самиот Игњатовиќ се пофали на социјалните мрежи за посетата на Струга ТЛ.