Алкалоид вечерва (18:45 часот) на домашен терен го игра последниот меч од дебитанската сезона во Европската лига. Кирил Лазаров и неговите момци за противник го имаат составот на Ла Риоха, тимот против кого го освоија единствениот бод во групната фаза.
Шпанскиот клуб во меѓувреме успеа да ја подигна својата форма, запиша пет победи од кои четири се во шпанскиот шампионат и еден гостински над РК Војводина во Нови Сад. Двата пораза им се на домашен терен од РК Војводина и во последното коло, минимален пораз од Бјерингбро Силкеборг.
Овие резултати покажуваат не само дека ја подобриле својата форма, туку и дека подобро играат на гостински терен што ги прави дополнително опасни.
Сепак младите ракометари на актуелниот македонски вицепрвак ќе влезат мотивирано, посакуваат европската завеса да ја спуштат со позитивен резултат и пред своите фанови, кои ги бодреа од стартот на ова натпреварување.