Белингем ја доби наградата „Златно момче“ и ја откри тајната за успехот

122

Ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингем и официјално ја доби наградата „Златно момче“, која му се доделува на најдобриот играч до 21 година во Европа. Наградата му беше врачена на англискиот репрезентативец на специјална церемонија во Торино.

Белингем беше прогласен за победник на анкетата, во која учествуваа избрани медиуми од Стариот континент, веќе кон средината на минатиот месец.

„Горд сум што ја освоив наградата. Мојата тајна е одговорноста што ја имам од мал во академијата. Го сакам тоа. Реал Мадрид е најдобриот тим во светот. Среќен сум што можам да играм овде“, изјави Белингем по добивањето на признанието. 

Тој од Борусија (Дортмунд) се пресели во Реал Мадрид за 103 милиони евра и оттогаш не престанува да блеска во тимот на кралскиот клуб.

20-годишниот Англичанец има 11 гола во Ла Лига и 4 во Лигата на шампионите. Дури и легендите на шпанскиот клуб како Кристијано Роналдо и Алфредо ди Стефано не можат да се пофалат со слично резултат во нивните први 15 натпревари за Реал.

ПретходноБаерн и Унион Берлин одложениот меч ќе го играат следната година!
СледноПромена на судии за утрешните натпревари Струга ТЛ – Воска и Силекс – Вардар