Интер неколку недели без холандското дуо во одбраната

106

Интер вечерва потврди дека двајца одбранбени играчи се на листата на повредени.

Дензел Дамфрис и Стефан де Врај се повредија на последниот меч против Наполи и сигурно нема да играат на следниот дуел за „нероаѕурите“.

Според официјалното соопштение на „нероаѕурите“ и двајцата денеска имале специјалистички прегледи на кои е констатирано дека повредите не се наивни.

„Стефан Де Врај и Дензел Дамфрис беа подложени на медицински прегледи и тестови кои потврдија дека и двајцата Холанѓани имаат мускулни повреди“, соопштија од клубот, не потенцирајќи колку време ќе останат надвор од терените.

ПретходноТалески со два гола во победата на Бенфика
СледноБрајтон не го дава Де Зерби: Почнаа преговори за нов договор со Италијанецот