Партизан по продолжение до шеста победа во Евролигата

257

Кошаркарите на Партизан ја остварија шестата сезонска победа во Евролигата, откако по едно продолжение во белград го совладаа Монако со 89:85. Мечот донесе големи возбудувања, особено во драматичната завршница на регуларниот дел од мечот, кога гостите со тројка, практично се изборија за дополнителни 5 минути. Сепак, упорноста на момците на Обрадовиќ им донесе нова радост.

Пантер постигна 25, а Нанали 23 поени за „црно-белите“, додека кај Монако најефикасен беше Мотиејунас со 23 поени.

Претходно вечерва, Ефес иако беше без неколку клучни кошаркари успеа да постигне феноменален резултат, овој пат на свој терен совладувајќи го Панатинаикос со 71:68. Тајрик Џонс постигна 21 поен и 14 скока, а Ларкин постигна 20 поени за домашните.

Алба Берлин го победи Жалгирис со 64:62, а апсолутен херој на домашните беше Јонас Матишек кој со тројка донесе победа за Алба. Најдобар поединец беше Јоханес Тиман со 16 поени, а Гиедратис постигна 15 за гостите.

Олимпијакос, пак, го пречека актуелниот шампион во Евролигата, Реал Мадрид, но не успеа да направи изненадување. Реал славеше со 77:71 во меч во кој Марио Хезоња постигна седум последователни поени на почетокот на третата четвртина и најави дека Реал ќе биде во трка за нов успех. Најдобар во победничкиот тим беше Џанан Муса со 23 поени, а Марио Хезоња оствари дабл-дабл со 18 поени и 10 скока.

Баерн стигна до нова победа откако по продолженија го победи Армани Милано со 91:84. Во продолжението Карсен Едвардс беше фантастичен, на крај завршувајќи со 32 поени. Кај гостите Шевон Шилдс имаше 26 поени.

ПретходноТен Хаг излезе со демант за случувањата во соблекувалната, четворица новинари ставени на „црна листа“
СледноГолеада во Лутон, Арсенал до победа во 90+7.минута!(ВИДЕО)