Шведска доби привремен селектор во предводникот на младата репрезентација

66

Даниел Бекстром ќе биде новиот привремен селектор на фудбалската репрезентација на Шведска, додека Федерацијата и натаму ќе ја продолжи потрагата по редовна замена за досегашниот предводник на националниот тим, Јане Андерсон.

Андерсон го имаше последниот натпревар на чело на шведската репрезентација во квалификациите за ЕП 2024, но иако неговото заминување беше објавено, Федерацијата засега не најде негова замена. Од Федерацијата денеска потврдија дека имаат привремено решение.

Даниел Бекстром, кој моментално ја извршува функцијата селектор на репрезентацијата до 21 година, ќе ја преземе функцијата додека не се најде трајно решение.

ПретходноТер Штеген мора на операција: Барса подолго време ќе биде без првиот голман
СледноМитев „решеташе“, Галевски ја „спушти ролетната“ за историја на Алкалоид во Европската Лига