Ангеловски: Е. Пелистер ќе биде максимално спремен, Загреб е одличен тим, но има и свои маани!

128

Утре во Битола во салата “Боро Чурлевски“ од 18:45 часот, Е. Пелистер во меч од ЛШ ќе го пречека составот на Загреб.

На прес конференцијата во пресрет на овој дуел, од кој битолчани очекуваат многу, свое видување даде тренерот на нашиот шампион Бранислав Ангеловски:

Загреб е одличен состав, спој на младост и искуство. Имаат одлична млада генерација, а кога говорам за искуството секако дека тука се Дибиров, Чупиќ, Гојун. Тоа се трите стратешки позиции кои ја прават одбрана густа, нема да ни биде лесно да ја пробиеме“ посочи Ангеловски и продолжи:

Реков Загреб е тим кој што со своите игри просто фасцинира, но тој состав имаа и свои маани. Ние сме максимално спремни, како во нападот така и во одбраната. Да кажам дека во Битола гостува една ракометна институција“.

ПретходноПолувреме: Меч за уживање во Кратово, Каланоски – Вардар 2:1 а во Струга мрежите мируваат!
СледноШокантно: Се прекинува првенството во Грција, судиите објавија бојкот!