Александар Мишов одново е стрелец за својот тим, Самтредиа. Денеска во првиот дуел од баражот за опстанок, тимот за кој игра македонскиот напаѓач а тренер е исто така нашиот стратег, Димитар Капинковски, победи со 4:1 против Гареи Сагарео. Стрелец на првиот гол за водство на Самтредиа од 1:0 беше токму Мишов.
По оваа убедлива победа се чини дека тимот на Капинковски и Мишов е на добар пат да избори опстанок, тие 4:1 се одличен резултат пред реваншот.