Завршија првите полувремиња на двата заостанати меча од 15.коло во ПМФЛ кои се играат денеска.
Во Кратово фантастичен меч, дуел меѓу Силекс и Вардар за уживање, во кој домашните водат со 2:1 со двата гола на Каланоски.
Вардар поведе со голот на Мишковски во 14.минута, потоа Каланоски со убав гол со глава израмнува на 1:1 во 20.минута. Истиот играч во 27.минута Каланоски изведе пенал, Гачевски ја одби таа топка, натрча Каланоски и донесе водство од 2:1.
Претходно Блажевски имаше старт врз Ѓорѓиевски а судијата Тефику покажа на белата точка.
Многу акции, шанси, погодени стативи, прекрасни одбрани на голманите Андов и Гачевски.
На вториот меч во Струга, каде играат Струга ТЛ и Воска, резултатот по првите 45.минути е 0:0. Шампионот доминираше, имаше и шанси, ја погоди и пречката, но сепак не видовме гол па така на пауза се замијна со тие 2:1 во Кратово и со 0:0 во Струга.