Поранешниот македонски шампион Шкупи реагираше за досудениот пенал за Струга ТЛ во деветтата минута од судиското продолжение во победата над Воска со 1:0. Чаирчани реагираат на судењето на Игор Стојчевски нарекувајќи го срам за македонскиот фудбал.
“Срам за судијата!
Треба да се засрамите за оваа победа, а и трофејот го освоивте на овој начин. Ваквите победи се срамни за екипите. Што ќе биде ако Воска Спорт испадне во Втората лига со овој загубен бод, ако ние останеме без титула поради оваа одлука? Кој ќе биде одговорен?
Овој судија е срам за сите судии во македонскиот фудбал. Поради таквата арбитража, репутацијата на фудбалот во земјава е оштетен. Полицијата ќе го разгледа овој натпревар, а исто и обвинителството.
Прашање е зошто судијата беше променет пред натпреварот? Зошто имаше судиско продолжение од десет минути? Зошто судијата досуди пенал во последната минута? Го повтори истото што ни го направи нам минатата сезона. Одлуките на овој судија во натпреварите на Струга Трим Љум треба да се разгледаат. Неговите одлуки се срамни. Таков човек не треба да биде судија. Ги повикуваме надлежните да го разгледаат случајот“, стои во соопштението на Шкупи.