Интересна фудбалска приказна ни доаѓа од Туркмекистан, поранешната советска република. Фудбалскиот клуб Аркадаг е формиран на 1 јануари 2023 година од страна на поранешниот туркмекистанскиот лидер Гурбангули Бердимухамедов и именуван по неговиот прекар Аркадаг.
Клубот ги донел најдобрите играчи од локалниот шампионат (17 oд 25-те играчи во националниот тим се од овој клуб), а во дебито во најсилниот шампионат ги добиле сите 20 натпревари со гол-разлика 70:14. Ја освоиле титулата со 30 поени разлика во однос на второпласираниот Алтин Асир.
Инаку Гурбангули ја предаде власта на својот син во 2022 година после дваесетгодишно владеење.