Вуко Борозан по завршување на својата авантура во Вардар, со кого не се раздели пријателски, никако не успева да се задржи на едно место, а ниту пак да продолжи да ја гради својата кариера во позитивна насока.
Тој го носи дресот на Ловќен, каде очигледно добива вистински лекции како треба да се однесува. Иако е едно од најзвучните имиња во овој клуб, сепак доби лекција од Перо Милошевиќ. Тренерот зеде тајм-аут на дуелот против Фленсбург, а потоа го седна на клупа и не го врати назад.
„Зошто ги шириш рацете и ги праќаш во п.м? Земав тајм-аут да објасниш. Но, „батали“, рече искусниот тренер и го седна на клупа“.
По мечот тој кратко коментираше за овој момент.
„Ќе го решиме тоа. Тој жестоко му приговори на еден соиграч, јас зедов тајм-аут и го прашав зошто го направи тоа. Оттогаш не влезе во игра и тоа е тоа. За тоа ќе разговарам со којзнае кој“.
Црногорскиот состав не успеа да освои ниту еден бод во групната фаза која ја заврши со шест порази во исто толку одиграни мечеви.