Кил славеше победа над Колштад со 26-25 со гол на Руне Дамке во последната секунда од мечот и со тоа германскиот тим ќе ја дочека пролетта на чело на табелата во А групата од Лигата на шампионите.
Колштад губеше на полувреме со три разлика, а на две минути пред крајот имаше предност. Но Кил постигна два гола по ред и го победи противникот.
Никлас Екберг постигна 8 гола кај Кил, а кај Колштад по пет постигнаа Сагосен, Лисе и Гудјонсон.
РЕЗУЛТАТИ
КИЛ – КОЛШТАД 26-25
СЕГЕД – КИЕЛЦЕ 26-25
МОНПЕЉЕ – ГОГ вечерва
Standings provided by Sofascore