Како дел од планираните активности на проектот: „Поддршка на развој на талентирани млади кошаркари во националните селекции на Македонија“, деновиве во Скопје се реализира проверка на тековната физичка подготовеност на селектираните играчи кои се дел од нашите машки национални репрезентации.
Во своевидна „контрола“ на тренинзите, во прв ред, за физичка подготвеност, согласно планираното, по втор пат за краток временски период, талентираните кошаркари работат под водство на тренерот за кондиционирање, Проф. Др. Александар Кукриќ, кој е носител на планираните содржини на овој проек.
Овој проект е посветен на подобрувања на функционално моторичките способности, и сите други карактеристики на патот кон градење на кошаркари кои подоцна треба да прераснат во сениорски репрезентативец на Македонија. Избраните играчи ги добија веќе потребните суплементи кои се на „товар“ на КФСМ, како и програмата по која треба да се придржуваат, останува на нивна совест колку ќе ги искористат овие дадени шанси за да се изградат во вистински професионалци.