Лудило: Новак бил доминантен зошто не се вакцинирал!

1879

Кога не му можат ништо, кога не можат да поднесат дека доаѓа од Балканот, кога не кријат дека имаат голема омраза кон него и едвај чекаат да оди во пензија, тогаш се “вадат“ теории дека Новак Ѓоковиќ доминирал во светот на тенисот и поради тоа што не се вакцинирал во времето на коронавирусот.

Ова го изјави извесна екс тенисерка Рене Стабс:

Додека траеше корона кризата, тој одмараше. Останатите мораа да се вакцинираат и играат на турнирите, а тој одмараше во тоа време. Токму одморот и неговата свежина кој ги доби зошто не беше вакциниран придонесоа сега да доминира на терените“ “тропна“ Стабс и остана жива.

А, дали она знае дека и пред корона кризата Новак беше најдобар и дека поради тоа што не му беше дозволено да настапува е во минус од најмалку 2-3 гренслемови.

Но, тоа е тоа…

ПретходноУНИКС славеше со 30 разлика, Димитријевиќ пак меѓу најдобрите
СледноФормирани оваа година, ги купија најдобрите играчи и го освоија шампионатот со сите победи