Мектоминеј го „тресна“ Челзи за голем триумф на Манчестер Јунајтед (видео)

219

На мечот меѓу Манчестер Јунајтед и Челзи во англиската Премиер лига видовме многу возбудувања и на крајот победа на домашниот тим со голем број на шанси. На стартот се заканија Гарначо од Манчестер и Мудрик кај Челзи, а Бруно Фернандеш не искористи пенал за домашниот тим. Сепак, во 19 минута поведе Јунајтед. Мектоминеј искористи еден „отпадок“ и погоди.
Во 32 минута истиот играч можеше да зголеми но во две ситуација Роберт Санчез ги одбрани неговите обиди.
Гостите казнија во 45 минута кога Мудрик го проигра Палмер, а младиот напаѓач изедначи на 1:1.
Во 62 минута домашните бараа пенал поради играње со рака, но ВАР не реагираше. Сепак, осум минути подоцна, Гарначо нафрли, а Мектоминеј со глава го совлада Санчез за голема победа на „Црвените ѓаволи“.
Гостите имаа статива во судиското продолжение. Јунајтед има 27 бодови и е на седмото место, додека Челзи е на десеттото со 19 бодови.

ПретходноСупер погодок на Леон Бејли за триумф на Астон Вила над Сити (видео)
СледноЕмбид шестипат до 50 поени, Лука со трипл-дабл со 40 поени, пораз на Јокиќ и Денвер (ВИДЕО)