Неверојатно квалитетен меч денеска во Кратово, со пет гола, со многу шанси, и на крај 3:2 за Силекс. Иако теренот беше тежок за игра, сепак играчите на двете екипи покажаа дека и во Македонија може да се игра екстра квалитетен фудбал.
За “СпортСпорт“ веднаш по мечот свое видување имаше Горазд Михаилов, тренерот на кратовци.
“Искрено Вардар ме изненади со одличниот настап, ако вака игра и на останатите средби нема да има проблем да избори опстанок.Сепак ние заслужено победивме во еден извонредно тежок натпревар одигран по тежок терен. Оваа победа дојде во вистински момент за нас, посебно по последниот меч со Гостивар кога испуштивме победа, Среќен сум за овој триумф и им честитам на играчитем струшниот штаб, на сите во Силекс за овие нови три бода“ посочи Михаилов.