На радост на Јунајтед, Џирона, Ница: УЕФА менува важно правило за настап во ЛШ!

2107

Познато е правилото на УЕФА дека два клуба кои имаат ист газда, не можат да се натпреваруваат во едно исто европско натпреварување, пред се во Лигата на Шампионите. Но последните вести говорат дека челниците на УЕФА имаат намера да го сменат ова правило, и тоа на радост на Манчестер Јунајтед, Џиронам, Ница и други клубови.

Имено познато е дека Сер Џим Ратклив има акции во Манчестер Јунајтед и во Ница, и затоа еден од овие два клуба следната сезона не може да игра во ЛШ.

Исто така исти газди имаат и Манчестер Сити и Џирона, екипа која чудо во Ла Лига, и затоа еден од овие две екипи, погодете која не може да игра во ЛШ.

Оваа можно менување го потврди и претседателот на УЕФА, Александер Чеферин кој напомена дека има многу лица и компании кои сакаат да купат втор клуб и затоа убаво ќе биде да им се овозможи да вложуваат во фудбалот и да играат во ЛШ.

ПретходноНадежите од третиот шешир во елитната рунда!
СледноУНИКС славеше со 30 разлика, Димитријевиќ пак меѓу најдобрите