И натаму во Србија топ – тема е тоа дали селекторот Драган Стојковиќ – Пикси и неговиот стручен штаб за две години биле исплатени неверојатни 16 милиони евра.
Ова го кажа Немања Видиќ пред неколку дена, Пикси врати, но и денеска имаше што да каже на оваа тема.
“Тоа е безобразно што го прави Видиќ, тој не ме почитува. Видиќ си даде автогол, па не може да се вадат такви приказни на ден пред ждрепката за ЕУРО. Јас ја имаме поддршката во мојата земја, под мое водство Србија се пласира на СП и ЕП. А Богдановиќ? А, кој е тој Раде Богдановиќ? Не го познавам, не знам ни што говорел за мене“ изјави Пикси.
А тој многу добро знае кој е Богдановиќ. Некогашен фудбалер, репрезентативец, а сега коментатор на РТС и во подкасти каде без никаков проблем кажува што мисли, па така во неколку наврати ја коментираше изјавата на Видиќ за тие 16 милиони евра.