Правилото на УЕФА вели: Џирона и да ја освои Ла Лига може да остане без ЛШ

8143
ФОТО: FC Girona/Twitter

По 15 одиграни кола во шпанската Ла Лига имаме едно изненадување на врвот. Заедно со Реал Мадрид се наоѓа и Џирона, имаат по 38 бодови.

Овој тим забележа само еден пораз во текот на сезоната и тоа од Реал Мадрид.

Секако дека се уште е рано да се тврди нешто, но Џирона доколку продолжи вака е на добар пат да се избори за Лигата на шампионите. Би било тешко да се каже и да се освои титулата, бидејќи тоа би било вистинска сензација.

Сепак, правилото на УЕФА може да го згасне нивниот голем сон. Тие би можеле да ја пропуштат Лигата на шампионите без разлика каде ќе завршат.

Правилникот за сопственост на повеќе клубови на УЕФА наведува дека единствената можност за два тима во сопственост на иста личност да играат во Европа е доколку се вклучени во различни натпреварувања.

Како што е познато, Џирона и актуелниот шампион на Европа и Англија, Манчестер Сити имаат ист сопственик, тоа е City Football Group.

Клубот кој подобро ќе заврши во домашното првенство би се пласирал во Лигата на шампионите, па Џирона не би била сигурна ниту со титулата шампион на Шпанија, бидејќи „граѓаните“ се едни од најголемите кандидати за титулите во Англија и Лигата на шампионите оваа сезона.

ПретходноНа Дани Алвеш му се заканува затворска казна од 12 години
СледноСелтик е подготвен да даде најмалку 4,4 милиони евра за Миовски?