Реал Мадрид ќе му даде рок на Мбапе од 15 дена

210

Договорот на Килијан Мбапе со со ПСЖ истекува на 30 јуни 2024 година. Тој се уште не го продолжил, а Реал Мадрид го чека 1-ви јануари, по што ќе ја започне акцијата на доведување на Французинот, пишува Ас. Шпанците истакнуваат дека Реал оттогаш ќе има право да преговара со Мбапе и ПСЖ нема да може да влијае на тоа бидејќи на неговиот играч му истекува договорот.

„Кога Реал ќе ја повика мајката на Мбапе и менаџерот на 1 јануари, тие ќе и кажат дека нејзиниот син има 15 дена да одговори на понудата. Нема да бидат прифатени дополнителни размислувања или промени. Мбапе ќе има 15 дена, повеќе од доволно, да рече дека сака да оди во Мадрид“, пишува Ас.

Тие веруваат дека најдобар знак дека Мбапе сака да го напушти Париз ќе биде доколку не го продолжи договорот до крајот на 2023 година, тврдат шпанските медиуми.

Да потсетиме дека Реал неколку пати се обиде да го доведе Мбапе. Најблиску беше минатата година, кога на Французинот исто така му истече договорот, но тој потпиша нов едногодишен договор. Повеќето светски медиуми го преселија во Реал, а потоа ПСЖ упати понуда која Мбапе не можеше или не сакаше да ја одбие.

Покрај, Мбапе на листата на желби беше Халанд, но тој го одбра Сити и потпиша договор до 2027 година. Во првата сезона постигна 52 гола на 53 меча. Откако Халанд дојде во Сити, бројни медиуми пишуваа за наводни клаузули во неговиот договор според кои тој некако може да замине и да потпише, на пример, за Реал. Неговиот агент Пимента изјави дека само таа, Сити, Ерлинг и неговиот татко знаат што пишува во договорот.

ПретходноПрв зимски трансфер: Баерн довори играч од тим кој се бори за опстанок
СледноКејн конечно го напушта хотелот кој го чинеше околу 1,22 милиони евра