Селекторот на нашата млада ракометна репрезентација до 19.години, Раде Стојановиќ денеска го објави списокот на играчи на кои ќе смета за претстојниот турнир “Трофеј Карпати“ во Романија.
На него има 18 ракометари кои ќе бидат во комбинација за дуелите со Романија, Саудиска Арабија и Словачка.
На списокот нема изненадувања, тоа се младинците на кои Стојановиќ сметаше и на претходните мечеви.