Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски е блиску до преселба во редовите на Селтик и тоа за време на јануарскиот преоден рок. Раководството на Селтик е импресионирано од неговите настапи во дресот на Абердин, па тој се најде на листата на желби за 2024 година. Миовски веќе има постигнато 18 гола, а неговиот нов потенцијален клуб го следи со месеци.
Абердин иако засега не размислува да се раздели со македонскиот репрезентативец, сепак понудата која Селтик може да ја испрати се очекува да го промени нивниот став. Се најавува дека со евентуален трансфер на Миовски во Селтик ќе биде урнат рекордот во трансфер историјата меѓу двата шкотски клубови. Претходниот рекорд е 4,4 милиони фунти, а истата сума е дадена во 2007 година за Скор Браун.
Вредноста на Миовски во овој момент изнесува два милиони фунти, неговиот договор истекува во 2026 година. За него Абердин даде 650.000 фунти, што пак доволно говори дека шкотскиот тим ќе има колем ќар од овој трансфер.