Стоилковска експресно до второто коло во Шарм Ел Шеик!

62

Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска успеа да се пласира во второто коло на фјучрсот во Шарм Ел Шеик. Таа ја совлада квалификантката Нина Рудикова од Русија со 2-0 во сетови (61 60) за 51 минута. Стоилковска истата ривалка ја победи и претходната недела на фјучрс во Египет, но тој меч се играше во три сета и беше решен во тај брејк.

Интересно е тоа што првиот гем во мечот го освои Рудикова и поведе со 1:0, но потоа следуваше серија на Стоилковска од 12 гема и првиот сет го доби со 6:1 во гемови, а следниот со 6:0 во гемови. Македонската тенисерка имаше реализација 6/9 на брејк топки, а во вкупниот број поени скорот беше 51:16.

Во следното коло Стоилковска ќе игра против четвртата носителка Романката Карола Патриција Беженару, која со 2-0 во сетови (60 61) ја совлада квалификантката Шанел Јансен од Холандија.

ПретходноПМФЛ: Уф, каков натпревар…Силекс со пресврт до триумф против Вардар, шампионот во 90+9.минута од пенал ја “скрши“ Воска!
СледноЛидерско селфи од Струга: Најслатки се ваквите победи, со гол во последните секунди!