Третолигаш го исфрли Ајнтрахт од Купот, Муслиу и Падерборн елиминирани од Баер

153

Во мечевите од осминафиналето на Купот на Германија, екипата на Сарбрикен која се натпреварува во Третата лига го елиминира реномираниот Ајнтрахт Франкфурт со тоа што го совлада со 2:0.
Головите ги постигнаа Бринер во 64. и Кербер во 78 минута. Надежите на Ајнтрахт за камбек беа потиснати во 83 минута кога Футке беше исклучен, па со играч помалку немаа сила за пресврт.
Висар Муслиу беше во тимот на Падерборн кој претрпе пораз на гостувањето кај Баер Леверкузен со 3:1. Македонскиот репрезентативец ги одигра сите 90 минути.

ПретходноКил ќе презими на врвот во Лигата на шампионите
СледноКарлос Квеироз не е повеќе селектор на Катар