Патеките се одбрани според нивната конфигурација која овозможува претекнување и развивање на брзина. Организаторите одлучија календарот на Спринт викендите во Формула 1 за 2024 година да бидат по следниот редослед.
Првиот спринт е Шангај од 19 до 21 април, следува Мајами од 3 до 5 мај, па патеката Шпилберг во Австрија од 28 до 30 јуни. Следните три трки се есеноска и тоа Остин (САД) од 18 до 20 октомври, Сао Паоло во Бразил од 1 до 3 ноември и Лусаил, Катар од 29 ноември до 1 декември.
Спринт трките се атракција за публиката, а тоа го покажуваат зголемените бројки во однос на гледаност. На пример за време на викендот во Азербејџан е забележан зголем број на публика за 83 отсто во однос на вториот слободен тренинг во 2022 година. Во САД изнесувало дури 139 отсто…