Фулам го прегази Форест, Ливерпул славенички во Шефилд

55

Екипата на Фулам со 5:0 го совлада Нотингем Форест во меч од 15.коло во Премиер лигата. Со овој убедлив пораз тренерот на „шумарите“ Стив Купер се најде под притисок затоа што тимот не игра добро, го запиша четвртиот пораз по ред (вкупно осми) и падна на 16. место на табелата. Фулам се искачи на 12-тото.
По два гола постигнаа Алекс Ивоби и Раул Хименез, а точка стави Том Карни во 86. минута.
А Ливерпул славеше на гостувањето кај Шефилд Јунајтед со 2:0. По корнерот на Александер-Арнолд, дефанзивецот Ван Дајк ја затресе мрежата на домашните за предност, а во 94 минута Собослаи го постави конечниот резултат.

РЕЗУЛТАТИ
БРАЈТОН – БРЕНТФОРД 2:1
КРИСТАЛ ПАЛАС – БОРНМУТ 0:2
ФУЛАМ – НОТИНГЕМ ФОРЕСТ 5:0
ШЕФИЛД Ј. – ЛИВЕРПУЛ 0:2
АСТОН ВИЛА – МАН.СИТИ вечерва
МАН.ЈУНАЈТЕД – ЧЕЛЗИ вечерва

ПретходноКарлос Квеироз не е повеќе селектор на Катар
СледноШтутгарт продолжува да блеска – го елиминира Дортмунд од Купот