Карлос Квеироз не е повеќе селектор на Катар

69

Португалскиот тренер Карлос Квеироз ја напушти селекторската позиција на фудбалската репрезентација на Катар. 70-годишниот стратег и тамошниот Фудбалски сојуз ја раскинаа соработката по обостран договор.
Квеироз го презема националниот тим на Катар во февруари 2023 година после неуспешното деби на СП 2022 на кое беше организатор. А под капата на Квеироз, катарскиот тим одигра шест натпревари со скор од три победи, едно реми и два порази.
Квеироз претходно беше селектор на Иран, Египет, Колумбија, Португалија, Јужна Африка, ОАЕ, исто така тренер на Спортинг Лисабон и Реал Мадрид.

ПретходноТретолигаш го исфрли Ајнтрахт од Купот, Муслиу и Падерборн елиминирани од Баер
СледноФулам го прегази Форест, Ливерпул славенички во Шефилд