Кејн конечно го напушта хотелот кој го чинеше околу 1,22 милиони евра

332

Хари Кејн кон средината на август го напушти Тотенхем и се пресели во Баерн во трансфер вреден 95 милиони евра. Англискиот капитен се истакнува во дресот на германскиот шампион. На 18 натпревари постигна 22 гола и имаше седум асистенции, а сите ги постигна додека живееше во хотелска соба.

Кејн не сакал веднаш да купи куќа во Минхен и неколку месеци барал вила која би одговарала на неговото семејство.

Кејн трошел 11 илјади евра од ноќ во хотел во Минхен. Тој пристигна во Баерн на 12 август, а потоа се пресели во хотелот. Билд пресметал дека Кејн потрошил повеќе од еден милион евра за хотелската соба. Поточно, Англичанецот за оваа услуга издвоил 1,22 милиони евра.

Кејн заработува околу 22 милиони евра по сезона во Баерн, а неговото петчлено семејство конечно ќе може да се пресели во вилата. Во истата вила порано живееше Лукас Хернандез кој летово го напушти Баерн во ПСЖ.

ПретходноРеал Мадрид ќе му даде рок на Мбапе од 15 дена
СледноПикси во негов стил: Видиќ си даде автогол! А, кој е тој Раде Богдановиќ? Не го познавам!