Леброн не го „мириса“ Нуркиќ, овој пат го удри во меѓуножје (ВИДЕО)

313

ЛА Лејкерс го совлада Феникс Санс со 106-103 и се пласираше во полуфиналето на НБА Купот. За противник во Вегас тимот на Леброн Џејмс ќе го има составот на Њу Орлеанс.

Мечот го одбележаа дуелите на Леброн Џејмс и Јусуф Нуркиќ. Веќе е познато дека Џејмс не го мириса Нуркиќ, а тоа го покажа и овој пат кога со жесток удар го „нокаутираше“ босанскиот ѕвер онаму каде што најмногу боли.

Интересно, судиите не досудија прекршок за оваа ситуација, а подоцна во текот на натпреварот ѕвездата на Лејкерси со лакт го удри Нуркиќ во лицето, па навивачите на Санс го изразија своето незадоволство од арбитражата.

Инаку, Нуркиќ влезе во неволја со фаули во раната фаза од играта, што е причина и за слабото остварување од три поени, осум скока и една асистенција за 29 минути на паркетот.

Од друга страна, Џејмс ги предводеше Лејкерси со учинок од 31 поен, 11 асистенции, додека за трипл-дабл учинок му недостасуваа два скока.

Во Вегас ќе се најдат и Милвоки Бакс кои со крилата на Јанис Адетокумбо го победија Њујорк Никс со 146:122.

ПретходноПМФЛ: Струга ТЛ со сите сили на победа против Воска, Вардар гостува во Кратово
СледноМеси се присети на потег направен на СП: Си помислив каков идиот!