Лидерско селфи од Струга: Најслатки се ваквите победи, со гол во последните секунди!

573

Струга ТЛ долго се мачеше даго скрши отпорот на Воска. Безброј шанси, акции, зицери, и тогаш дојде таа 99.минута кога од пенал Вангел Згуро со прецизен шут го совлада Хадис Велии за победа од 1:0, за нови три бода и сега за лидерско место на табелата.

Секако дека ваквите победи се најслатки, кога ќе дадеш гол за победа во 90+9.минута посебно кога таа победа е целосно заслужена.

Струга ТЛ влезе во победнички ритам, сега и треба триумф во недела против Брегалница, може и со реми, па со пораз, зависи од тоа што ќе направи Шкупи, па да стане есенски шампион.

ПретходноСтоилковска експресно до второто коло во Шарм Ел Шеик!
СледноМихаилов: Вардар ме изненади со одличниот настап, сепак Силекс заслужено победи!