Во текот на утрешниот ден репрезентацијата до 19 години на Македонија ќе ги дознае ривалите од елитната рунда, квалификации за пласман на ЕП 2024.
Една наша селекција по долги години успева да го мине првиот филтер а оваа генерација на селекторот Тони Јакимовски во текот на есента на турнир во Полска се најде втора во групата зад супер силната Германија но и пред домашната селекција на Полска и аутсајдерот Казахстан.
Ждрепката за елитната рунда почнува утре во Нион од 10:30 часот а нашите надежи од третиот шешир ќе ги чекаат ривалите. УЕФА во пресрет на ждрепката ги траспредели сите 28 селекции во следните шешири:
ПРВ ШЕШИР: Португалија, Шпанија, Холандија, Норвешка, Шкотска, Турција, Швајцарија.
ВТОР ШЕШИР: Израел, Германија, Данска, Чешка, Белгија, Австрија, Украина.
ТРЕТ ШЕШИР: Косово, Хрватска, Македонија, Франција, Србија, Грузија, БиХ.
ЧЕТВРТИ ШЕШИР: Романија, Словенија, Италија, Црна Гора, Латвиа, Литванија, Грција.
Сите 28 селекции ќе бидат поделени во 7 групи од по 4 селекции а само победникот ќе и се приклучи на Северна Ирска која е домаќин на ЕП кое ќе се игра во јуни 2024 година. Квалификациите ќе се играат во март по турнирски систем.