ПМФЛ: Уф, каков натпревар…Силекс со пресврт до триумф против Вардар, шампионот во 90+9.минута од пенал ја “скрши“ Воска!

1092

Денеска се одиграа двата заостанати меча од 15.коло во нашата елитна лига. Во Кратово домашниот Силекс со 3:2 го победи Вардар во еден прекрасен меч и тоа од страна на двете екипи. Гостите поведоа со голот на Мишковски во 14.минута, но потоа на сцена стапи Каланоски и со два гола, во 20. и 27.минута направи пресврт и му донесе водство на својот тим. Прво со прекрасен шут со глава, а потоа по изведениот пенал и одбиената топка, повторно шутираше за водство на Силекс.

Уште во 5.минута Омерагиќ се закани кон домашниот гол, потоа и Лемос беше во шанса, но останаа тие 0:0. Во 7.минута Каланоски имаше зицер, а Милосавиќ во 9.минита ја погоди стативата.

На 2:1 во 29.минута младиот Омерагиќ одново се најде во шанса, но останаа тие 2:1, а во 45.минута Милосавиќ од слободен удар шутираше одлично, но домашниот голман Андов со прекрасна парада го спаси својот гол.

Во второ полувреме малку како да падна темпото, но сепак имаше шанси. Прво Ѓорѓиевски не погоди до супер шанса со глава, но затоа Серафимовски со шут од дваесетина метри постигна прекрасен гол за 3:1. И тоа не беше крај, Јусуфи со прекрасен гол намалува на 3:2. Останаа уште неколку минути за да Вардар дојде до бод.

Со овие три бода Силекс сега има 27 и се зацврсти на 4.позиција на табелата.

Во Струга домашниот тим на Струга ТЛ во “езерското дерби“ со 1:0 ја победи Воска и со тоа изби на чело на табелата. Стрелец беше Згуро во 90+9,минута и тоа пенал.

Сепак Струга ТЛ може да жали зошто не победи поубедливо, одигра добро, имаше повеќе шанси, имаше и зицери, но гостите од Охрид имаа многу среќа, но немаа во последните секунди од оваа средба.

Струга ТЛ сега има 36 бода е и лидер. До крајот на есенскиот дел остана уште едно коло.

ПретходноШокантно: Се прекинува првенството во Грција, судиите објавија бојкот!
СледноСтоилковска експресно до второто коло во Шарм Ел Шеик!