Супер погодок на Леон Бејли за триумф на Астон Вила над Сити (видео)

484

Со погодокот на Леон Бејли во 74 минута екипата на Астон Вила го совлада Манчестер Сити со 1:0 во меч од 15.коло на Премиер лигата. Тоа е и прва победа на Астон Вила над „граѓаните“ по септември 2013 година.
Овој момент може и да биде пресуден во трката по титулата во финишот на сезоната. Нестварна статистика на овој меч.  Вила е првиот тим со 22 шутеви кон голот на Сити, за споредба момците на Пеп имаа само два!

Астон Вила го презеде третото место на табелата, а шампионот падна место подоле и има два бода помалку од тимот од Бирмингем, односно шест бода помалку од лидерот Арсенал.
За Сити ова е четврти меч без победа. На претходните три ремизираше и сите беа дерби натпревари, со Челзи 4:4, со Ливерпул 1:1, со Тотенхем 3:3.
Астон Вила по 15 кола има 10 победи.

ПретходноШтутгарт продолжува да блеска – го елиминира Дортмунд од Купот
СледноМектоминеј го „тресна“ Челзи за голем триумф на Манчестер Јунајтед (видео)