УЕФА го демантираше богатиот договор со Емирати

77

УЕФА категорично ги демантираше наводите на шпанските медиуми за потенцијален договор меѓу Европската „куќа на фудбалот“ и Обединетите Арапски Емирати.

Во јавноста излезе информација дека зделката е вредна 2,2 милијарди, сума која УЕФА би ја заработила со продажба на одредени права на своите натпреварувања. УЕФА остро го демантира ова и тврди дека шпанските таблоиди шират невистини за УЕФА и дека оваа практика е се почеста како што се приближува денот на одлуката на Европскиот суд на правдата за случајот Супер-лига.

Да потсетиме, Шпанците вчера напишаа:

„УЕФА знае дека на 21 декември може да ја загуби тужбата пред Судот на Европската унија поврзана со Супер-лигата и се договори со Абу Даби да ја спонзорира Лигата на шампионите. Тие сакаат да се избегне преминот во Супер-лигата“.

ПретходноСелтик е подготвен да даде најмалку 4,4 милиони евра за Миовски?
СледноПрв зимски трансфер: Баерн довори играч од тим кој се бори за опстанок